ДЕЛ од средновековната кула Торе деи Конти, која се наоѓа во центарот на Рим во близина на Колосеумот и Римскиот форум, се урна утрово, при што еден работник остана заробен, а друг сериозно повреден. Четири други работници беа спасени неповредени претходно.
Според префектот на Рим, Ламберт Џанини, ситуацијата е „многу сложена“ бидејќи еден работник е сè уште под урнатините. „Човекот е свесен и комуницира со спасувачите“, рече Џанини.
Човекот е свесен.
„Пожарникарите поставија заштита околу него, па при вториот колапс беше делумно заштитен“, рече Џанини. „Операцијата ќе трае долго бидејќи мора да се обидеме да го спасиме човекот, но и да ги заштитиме самите спасувачи кои работат во многу опасни услови“.

Еден работник бил однесен во болница во критична состојба, додека друг, 67-годишниот Отавијано, кој бил во кулата кога се срушила, успеал да избега на балкон и останал неповреден. „Не беше безбедно. Само сакам да си одам дома“, изјавил тој за АФП.
Градоначалникот на Рим и италијанскиот министер за култура пристигнаа на местото на несреќата, а во спасувањето се вклучени пожарникари, полиција, кран и беспилотни летала. Полицијата го опколи целото подрачје околу Форумот и ги затвори блиските улици.
Торе деи Конти датира од 13 век и е изграден од папата Инокентиј III како резиденција за неговиот брат. Кулите од тој период некогаш ја симболизирале моќта на благородничките семејства во Рим, а денес се дел од историскиот центар кој привлекува милиони туристи секоја година.




