Пожар избувна во машинската просторија на безбедносниот систем на петтата единица во нуклеарната централа Козлодуј, што предизвика итна реакција од страна на работниците во централата, објави порталот „Новините“.

Поради густиот чад во просторијата, повикана е противпожарна служба, а се преземаат мерки за замена на оштетената опрема.
Официјално беше објавено дека ситуацијата е под контрола и дека нема опасност за луѓето.
Вработените во централата остануваат во состојба на готовност додека инцидентот не биде целосно саниран.




