дома Македонија Црна хроника Истрага за убиство во Сретеново, го тепал со метална шипка пријателот и...

Истрага за убиство во Сретеново, го тепал со метална шипка пријателот и побегнал

Истражна постапка е покрената против едно лице кое со метална шипка го убил својот пријател и потоа побегнал.
Осомничениот, на 1 ноември попладнето, во близина на угостителски објект во дојранското село Сретеново, со умисла го убил својот пријател Никола Тимев, со кого заедно седеле на скалите и пиеле. Во еден момент меѓу нив настанала вербална расправија која преминала во физичка пресметка.
Осомничениот го удирал оштетениот со раце и нозе, а потоа и со метална шипка, нанесувајќи му повеќе од десетина скршеници на раце, нозе и на черепот. Од ударите кои траеле речиси половина час, оштетениот не успеал да се одбрани и се здобил со тешки телесни повреди и обилно крварење, а осомничениот го оставил на скалите и побегнал.
Повредениот го забележале случајни минувачи кои повикале Итна медицинска помош и тој бил пренесен во Медицинскиот центар во Гевгелија, но починал како резултат на здобиените повреди.
Доставен е предлог за да му се определи притвор бидејќи постои опасност од бегство и можност тој да ја попречува постапката со влијание врз сведоците кои треба да бидат испитани во текот на истрагата.

ПредходнаПодатоци за локација на милиони телефони на продажба, вклучувајќи и претставници на ЕУ
СледнаЌерката на Синди Крафорд и синот на Ричард Гир се сретнале 30 години по нивниот развод