Откако ги искритикува ВЛЕН што не му дале поддршка на Орце Ѓорѓиевски во вториот круг од локалните избори за Скопје, Никола Мемов од ЗНАМ со нова објава на Фејсбук појаснува дека победата на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Влен е резултат на взаемна поддршка во сите општини.
Во новата објава на Фејсбук, Мемов вели дека она што го напишал претходно е негов личен став, а не став на Движењето ЗНАМ за наша Македонија.
– Гледам дека оваа моја лична објава предизвика внимание, но и негативни реакции. Победата на овие локални избори што ја остварија ВМРО – ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ е резултат на нашата взаемна поддршка во сите општини во Македонија, што е потврда на имплементацијата на конзистентните политики на владата во изминатиот период. По локалните избори владините партнери треба да продолжат во ист правец, затоа што зацртаните политички цели за овие избори се остварени, пишува Мемов во новата објава на Фејсбук.




