Уставниот суд на Босна во вторник соопшти дека ги отфрлил жалбите на националистичкиот лидер на босанските Срби, Милорад Додик, против пресудата со која му се забранува да се занимава со политика и одлуката да му се одземе мандатот како регионален претседател, објави Ројтерс.

Република Српска во Босна и Херцеговина назначи привремен претседател и ги укинува сепаратистичките закони
Претседателските избори во регионот ќе се одржат на 23 ноември.
Потсетуваме дека на Додик, поранешен претседател на автономната Српска Република во Босна, во февруари му беше забрането да извршува политичка функција во траење од шест години поради непочитување на одлуките на меѓународниот претставник на земјата и на Уставниот суд.
Додик, проруски националист кој сака Република Српска да се отцепи од Босна и да се припои кон Србија, исто така мораше да плати казна.
Неговиот правен тим поднесе жалби до Уставниот суд откако изборните власти го отстранија од функцијата.
Додик рече дека одлуката на судот е политички мотивирана.
Аналитичарите велат дека одлуката го доведува во прашање легитимитетот на реструктуираната влада на Република Српска, бидејќи таа беше иницирана од Додик откако веќе му беше одземен мандатот, но продолжи да ја извршува функцијата и претседателските должности.
Изборната комисија распиша предвремени претседателски избори во Република Српска на 23 ноември. Додик номинираше кандидат од неговата владејачка партија СНСД за учество на изборите.
Минатиот месец, владејачката коалиција, доминирана од партијата на Додик, изненадувачки иницираше парламентарно гласање за назначување привремен претседател и укинување на низа сепаратистички закони. Набргу потоа, Министерството за финансии на САД ги укина санкциите против Додик, членовите на неговото семејство и сојузниците, како и компаниите поврзани со нив.




