Израелската армија соопшти дека синоќа зела уште едно тело на заложник од Црвениот крст предадено од палестинската милитантна група Хамас во градот Газа.
Останките ќе бидат однесени во Институтот за форензика Абу Кабир во Тел Авив за идентификација, објави „Тајмс оф Израел“.

Хамас не го откри идентитетот на заложникот чие тело го предаде.
Доколку се потврди дека е на заложник, тоа би значело дека останките од седум заложници сè уште се во Појасот Газа.
Според договорот за прекин на огнот во Појасот Газа, кој беше постигнат со посредство на САД, Хамас ослободи 20 заложници и треба да предаде вкупно 28 тела на убиените заложници на Израел.




