дома Свет Балкан Tаксистите повторно на штрајк во Атина

Tаксистите повторно на штрајк во Атина

Штрајкот е организиран од синдикатот на такси превозници (САТА) кои реагираат за министерската одлука со која им се дозволува на приватни комбиња да пренесуваат патници, но и одлуката од 1 јануари 2026 година такси возилата задолжително да бидат електрични.

Велат дека не постои реален план за премин од обични кон електрични автомобили и „оваа одлука е катастрофа за секторот“, паралелно барајќи примената да се префрли за 2035 година.

Дополнително ги истакнуваат и останатите нивни барања како што се: поддршка на професионалните такси возачи; ставање крај на дигиталните платформи за такси превоз; дозвола за движење во автобуските ленти итн.

Штрајкот на таксистите ќе заврши в петок во 6 часот наутро.

ПредходнаКос: Следната година ќе биде „момент на вистината“ за сите
СледнаЕУ разгледува ублажување на планираната климатска цел пред самитот на ОН COP30 во Бразил