дома Економија Скопскиот аеродром ја прими наградата за квалитет на аеродромските услуги за 2022...

Скопскиот аеродром ја прими наградата за квалитет на аеродромските услуги за 2022 на церемонија за доделување награди на ACI

69

ТАВ Аеродроми, синоќа, 6-ти септември, на гала церемонијата за време на годишниот Форум и светски самит за искуство на клиентите на ACI во Инчон, Република Кореја, ја прими наградата за Квалитет на аеродромски услуги (Airport Service Quality–ASQ) за Меѓународниот Аеродром Скопје за 2022 година, од Меѓународниот совет на аеродроми (Airport Council International World – ACI World).

Наградата во име на скопскиот аеродром ја прими главниот оперативен директор на ТАВ Аеродроми, Куршад Коџак, кој исто така ги прими наградите и за аеродромите во Загреб и Анкара со кои управува истата групација.

По повод свеченото доделување на наградите, генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт изјави:


„Огромно е задоволството кога се препознаваат напорите, посветеноста и работата, особено кога таквото признание доаѓа директно од нашите клиенти, односно нашите ценети патници. ТАВ, како аеродромски оператор, заедно со сестринските компании, БТА (храна и пијалаци), АТУ (бесцарински продавници), ТАВ МОС (Комерцијални услуги), ТАВ Технолоџис (ИТ услуги), Еуроклин (одржување хигиена), користат над 30 индикатори за ефикасност и квалитет во анкетните прашалници за квалитет на аеродромските услуги оценети преку мислењата на патниците, рангирањето и одговорите во однос на квалитетот на аеродромските услуги, за натамошно подобрување на услугите што се нудат на Меѓународниот Аеродром Скопје. Затоа, ние навистина го цениме мислењето на нашите патници и се фокусираме кон создавање супериорно искуство на аеродромот. Друг, многу важен фокус и приоритет во нашето секојдневно работење е благосостојбата на нашите вработени кои се директните испорачатели на нашите услуги кон патниците.“

Меѓународниот Аеродром Скопје, покрај тоа што е награден како Најдобар аеродром според својата големина и регион (2 до 5 милиони патници годишно во Европа), исто така е награден и во следниве категории: Аеродром со најпосветен персонал во Европа, Најлесно аеродромско патување во Европа, Најпријатен аеродром во Европа и Најчист аеродром во Европа за 2022 година.

Ова е 8-ми пат како скопскиот аеродром ја добива оваа награда, по ASQ наградите што ги има добиено за 2021, 2020, 2019, 2018, 2015, 2013 и 2012.

Скопскиот аеродром спаѓа во панел за ASQ што се состои од аеродроми со големина од 2-5 милиони патници годишно, во Европа.

Програмата за квалитет на аеродромските услуги (ASQ) е светска водечка програма за мерење на искуството на клиентите на аеродромот и за креирање одредници. Споредено со други програми во воздухопловната индустрија, оваа програма се заснова врз истражување во живо, преку анкети собрани на аеродромот – директно од патниците – кои го оценуваат нивното задоволство на денот на патувањето.

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, го заокружи периодот од јануари до јули 2023 година со вкупно 1.691.363 патници кои патувале преку двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид. Ова претставува пораст од 36% споредено со истиот период во 2022 година, додека споредено со 2019, референтната година во авијацијата, статистиките во авиосообраќајот бележат 16% зголемување на бројот на патници. Во однос на бројот на летови, во 7-те месеци од 2023 година се реализирале 12.834 летови, или 21% повеќе од 2022, односно 5% повеќе споредено со 2019 година.



ПредходнаЛицата болни од цистична фиброза нема да плаќаат патарини, ja издејствува оваа одлука ВМРО-ДПМНЕ во име на пациентите
СледнаСиндикалната минимална кошница за август 49.345 денари