Семејството на актерот Киеран Калкин повторно се зголеми. Ѕвездата на “Вистинска болка” и неговата сопруга Џез Чартон станаа родители по трет пат, откри неговата колешка Сара Снук. Во интервју за Access Hollywood, актерката сподели дека веќе го видела бебето и дека “е неверојатно слатко”.

Калкин и Чартон веќе имаат две деца – шестгодишниот Кинси Сиу и четиригодишниот Вајлдер Волф. Веста дојде нешто повеќе од една година откако актерот на шега побарал повеќе бебиња од неговата сопруга за време на доделувањето на Еми наградите во 2024 година.
Подоцна, во март 2025 година, кога го освои својот прв Оскар за “Вистинска болка”, тој повторно ја потсети на ветувањето. Двајцата се појавиле заедно на отворањето на Бродвејската продукција на “Чекајќи го Годо” во Њујорк, каде што Џез блескал со видливо бремен стомак, а Киеран гордо позираше до неа.

Чартон подоцна ја раскажа вечерта на Инстаграм, шегувајќи се дека личната средба со Кијану Ривс била “виновна” за нејзиниот деветти месец. “Го гледав Кијану Ривс на Бродвеј и сега сум во мојот деветти месец – целосно во мојот стил”, напиша таа со насмевка.
Џез дури и пронашла смешна врска помеѓу наградите на нејзиниот сопруг и нивните “договори за бебиња”. Во пост по доделувањето на Оскарите, таа напишала: “Оскар?! Добро, ќе го признаам – можеби ветувањата за повеќе деца изгледаат глупаво, но очигледно тие се одлична мотивација!”
Калкин постојано зборувал отворено за неговата желба за големо семејство. По добивањето на Еми наградата, тој ѝ се заблагодарил на својата сопруга со зборовите: “Благодарам ти што го сподели твојот живот со мене и ми даде две прекрасни деца. И, џез… Сакам повеќе. Ти рече “можеби” ако победам!” – реченица која предизвика смеа и аплауз во салата.




