Мерки на претпазливост му се определени на возачот кои го прегази поранешниот директор на фабриката Охис, Јорго Ќука на печашки премин.
Мерките подразбираат одземање на македонската и српската патна исправа, возачката дозвола, забрана за напуштање на живеалиште и обврска да се јавува повремено кај надлежен државен орган.
Осомничениот со возило „пасат“ на 3 ноември на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје го прегази 78-годишниот Ќука кој се движел со велосипед и избегал од местото на несреќата.
Како што информира ОЈО, атомобилот го управувал со неприлагодена брзина која не му овозможувала да запре навремено во случај на потреба или пречка.




