Владата на Црна Гора на телефонска седница одлучи да го прогласи четврток, 6 ноември, за ден на жалост како одговор на пожарот во Тузла во кој загинаа 11 лица.
Знамињата на сите државни згради, згради на локалната самоуправа и јавни институции ќе бидат спуштени на половина копје, објави во среда Владата на Црна Гора.

Во пожарот што избувна во вторник вечерта на седмиот кат од Пензионерскиот дом во Тузла, каде што престојуваа неподвижни лица, загинаа 11 лица, а повеќе од 30 од нив побараа медицинска помош во Општинскиот центар во Тузла, од кои петмина се во критична состојба.
Владата на Тузланскиот кантон, исто така, го прогласи 6 ноември за ден на жалост.




