„Поглавјето 23 кое се бави со правосудството и човековите права нема напредок, апсолутно никаде на хоризонтално ниво во делот на правосудството клучните реформски закони беа дел и од реформската агенда, меѓутоа владата не успеа да ги донесе. Во голема мера сме свесни дека постојат на политичко ниво кои се повеќе од мешање во судството тоа го констатира самиот извештај и предупредува дека тоа не смее да биде пракса на сите нивоа“, истакна во вечерашната Топ Тема, Симонида Кацарска, извршна директорка на ЕПИ.
Според неа, втората точка поглавјето 24 – правда, слобода и безбедност кој што е во надлежност на МВР има послаб напредок од минатата година, според проценката на ЕК.
- Ова е поглавје во кое ние сме стоеле традиционално добро поради минатиот труд. Ние денеска генерално ако се навратиме на визната либерализација 2008, 2009 бевме добриот ученик на голем дел од овие политики и предничевме доста долг период, но оваа година имаме помал напредок. Ако ги гледаме двете заедно тоа може да биде многу голем проблем доколку немате напредок во овие две поглавја, бидејќи ако таквата ситуација потрае ЕК може да ви го постави прашањето, како вие воопшто би ги спроведуваме преговорите, бидејќи дел од овој кластер ги креира основите на преговорите, смета Кацарска.
Таа истакна дека ако погледнеме подетално во поглавјето 23 за правосудството утврдено е дека немаме никаков напредок во борбата против корупцијата, тука се наведени случувањата во ДКСК и недонесувањето на кривичниот законик.
Извештајче !?
Без напредок – најчеста оцена во Извештајот на ЕУ. Но, оценка од владата веројатно некаква форма на прес -конференција ќе треба да очекуваме денеска, иако дојде одговор од владејачката партија во одговор н на лидерот на опозицијата кој меѓу другото се вели: „за нас е јасно дека вакви и слични извештајчиња ќе продолжат се додека не се најде решение со Бугарија, но и покрај тој негов аспект, извештајот сметаме дека е одличен и не охрабрува да продолжиме на патот на реформите и го гледаме како патоказ на кој треба да се фокусираме во иднина“.
Каква порака да се прочита ако од една страна овој збор „извештајчиња“ навистина е содржан не е печатна грешка, а од друга страна се вели дека тоа извештајче ќе биде патоказот на кој ќе треба власта да се фокусира во иднина, бидејќи ВМРО – ДПМНЕ кога одговара од позиција на власт одговара во име на владата?
- Зборот кој што е искористен би го интерпретирала на меѓу партиската преписка иако не е соодветен за инструментот кој што го насочува патот за европската интеграција, кое споделена цел на повеќе од 65% од македонските граѓани кои ја поддржуваат стратешката цел членство во ЕУ. Не би го нарекувала „извештајче“ бидејќи е еден од најважните инструменти со кои што може државата да ги спроведе реформите во процес во кој што се наоѓаме веќе 20 години, како земја – кандидат. Исто така не би рекла дека сме на истото место ние сме државата која има солидна усогласеност во европското законодавство, стагнира нормално од мноштво причини. Во делот дека тоа ќе ни биде патоказ се надевам дека ќе биде посериозно сфатено од тоа што било мината година ако ја погледнеме содржината на извештајот, рече Симонида Кацарска, извршна директорка на ЕПИ.
И проф.д-р. Силвана Мојсовска од Економски институт смета дека не е соодветно секако бидејќи овој извештај не го добиваме првпат, партиите на власт ротираат, а сите добивале вакви извештаи и сите постапувале со соодветно внимание.
- Како дошло до оваа изјава не знам, но тоа можеби покажува дека уште повеќе треба да се завртиме кон себе и кон тоа што зборуваме и што правиме затоа што можеби ова е продолжение на тие меѓупартиски преписки, бидејќи начинот на кој се водат кампањите исто така не е соодветен и се користат несоодветни зборови па оваа забелешка од ваша страна е сосема на место и можеби ќе допре до тие што треба да го креираат имиџот на било која од политичките партии, а во исто време секоја од нив кажува – ЕУ е наша стратешка определба. Ако е така тогаш не треба вака да се однесуваат кон оценката која ја добиваме од ЕУ, рече во вечерашната Топ Тема, проф.д-р. Силвана Мојсовска, Економски институт.




