дома Култура Стенд-ап шоу На линија со Атанас и Тино во Скопје

Стенд-ап шоу На линија со Атанас и Тино во Скопје

  Во пресрет на стенд-ап шоуто „На линија со Атанас и Тино“, денеска, во конференциската сала на Спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе се одржи прес-конференција на која ќе бидат најавени деталите за претстојните настапи и концептот на новото шоу.

Стенд-ап шоу „На линија со Атанас и Тино“ во СЦ „Јане Сандански“'Како што стои во соопштението на „TicketX“, на прес-конференцијата ќе присуствуваат актерите Валентин Костадиновски, Атанас Атанасовски, Антонио Ташковски и Александар Михајловски, добро познати имиња од македонската стенд-ап сцена, кои ќе зборуваат за подготовките, инспирацијата и новите сегменти што ќе бидат дел од нивниот заеднички настап.

Според организаторите, шоуто претставува кулминација на повеќегодишната работа на овие комичари и автори, кои во последните години станаа едни од најпопуларните имиња на домашната комична сцена.

– Со претходниот проект „НАТпросечен Македонец“, Тино и Атанас не само што испишаа историја на македонската стенд-ап сцена, туку поставија и рекорд во продажбата на билети. Она што сега го подготвија е навистина некое сосема ново ниво, а интересот за новото шоу очекуваме да биде уште поголем, велат организаторите.  

ПредходнаПо убиството и нередите во Ново Место, Словенија носи нов закон
СледнаISW: Јастребите на Кремљ сакаат Русија да започне со нуклеарни тестирања во големи размери