Првичните сознанија за смртта на девојката која беше пронајдена мртва синоќа во Тетово не упатуваат дека смртта е резултат на кривично дело, но сепак е наредена обдукција и се вршат распити на повеќе лица.
Од Обвинителството информираат дека се преземаат сите дејствија за испитување на причините за смртта и дека сите истражни органи интензивно постапуваат за испитување на причините на смртта.
Увид е извршен синоќа на местото каде е пронајдено беживотното тело на девојката.
Дел од медиумите јавуваат дека се работи за 25-годишна девојка од Косово.




