дома Локално Запленети апетисани од непознато потекло во возило во Чучер Сандево

Запленети апетисани од непознато потекло во возило во Чучер Сандево

Апетисани од непознато потекло се пронајдени во возило во Чучер-Сандево. Запленети се 1.060 килограми кршени ореви и 581 килограми кикирики во зачинета обвивка, во рефус состојба, без идентификација и без потребни информации за потрошувачите и 900 килограми индиски ореви, со декларација.

Бидејќи производите биле без соодветна документација за потекло и квалитет, согласно Законот за безбедност на храна, се запленети и ќе бидат уништени.

Против сторителот ќе биде поведена прекршочна постапка за пуштање во промет на небезбедна храна, а изречена му е и глоба од 600 евра во денарска противвредност.

ПредходнаРусија негира вмешаност во летови на беспилотни летала над белгиските аеродроми и воени бази
СледнаCOP30 историски самит за глобалното справување со климатските промени