
По завршувањето на примопредавањето на функцијата градоначалник, Орце Ѓорѓиевски денеска официјално ја презеде раководната улога на Град Скопје.
Тој најави дека веднаш започнува со исполнување на првата точка од својата програма за работа: ослободување на градот од рампите пред влезот.
– Вечерва од 20:30 часот започнуваме со темелна акција за чистење на главниот град. Појдовната точка ќе ни биде пред паркингот на салата „Борис Трајковски“ и ги повикувам сите медиуми да присуствуваат. Во наредните 72 часа ќе дадеме се од себе да блесне Градот Скопје онака како што ветив на моите сограѓани, додаде новиот градоначалник.
Ѓорѓиевски го презеде градот со ветување за видливи промени и непосредни активности кои ќе го направат Скопје почист, достапен и поорганизиран за сите жители.




