дома Локално Ѓорѓиевски обзнани информација за можни финансиски малверзации во „Комунална хигиена“

Ѓорѓиевски обзнани информација за можни финансиски малверзации во „Комунална хигиена“

Отстранени од работа се 371 лице од јавните претпријатија кои, како што вечерва изјави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, не оделе на работа или го злоупотребиле своето работно место.

Ѓорѓиевски најави дека проверките ќе продолжат и во следниот период.

Во изјава за медиумите дадена вечерва Ѓорѓиевски обзнани и информација за можни финансиски малверзации во Комунална хигиена.

– Денеска до мене стигна една информација поткрепена со документи и ги повикувам вечерва надлежните институии да постапат, а тоа е дека биле ангажирани возила за чистење во „Комунална хигиена“ и истите возила се плаќани на име на физички лица кои земале интелекуални услуги од пет до десет илјади евра, рече Ѓорѓиевски.

 

ПредходнаРено го претстави електричниот Твинго што ќе се произведува во Словенија