дома Локално Започнува чистењето на Скопје, Меџити: Ова е почеток на едно ново поглавје...

Започнува чистењето на Скопје, Меџити: Ова е почеток на едно ново поглавје за Скопје

По неколку тешки недели, кога Скопје беше преплавено со отпад поради блокади и негрижа, градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, синоќа  излегоа на терен за да ја вратат чистотата во секоја населба и на секоја улица на главниот град, стои во соопштението на Општина Чаир

Започнува чистењето на Скопје, Меџити: Ова е почеток на едно ново поглавје за СкопјеГраѓаните конечно можат да здивнат слободно, затоа што започна чистењето на Скопје.

-Заедно со премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва сме на терен, покрај екипите на ЈП Комунална хигиена, Паркови и зеленило, јавните претпријатија на градот и компаниите со општествена одговорност, кои го водат овој голем граѓански мобилизирачки процес. Ќе се чистат контејнерите, просторот околу нив, шеталиштата, плоштадите и мини-депониите што се создадоа како резултат на блокадите и неодговорноста што го оставија Скопје прекриено со отпад, истакна Меџити.

Фото галерија: Почна акцијата за чистење на Скопје за 72 часа

Тој додаде дека   Скопје нема да спие врз ѓубре, туку утре ќе се разбуди со почист, поздрав воздух, со почисти улици и со нов изглед.

-Ова е почеток на едно ново поглавје за Скопје — градот што го преземаме во свои раце за да го исчистиме, да го уредиме и повторно да го направиме гордост за сите негови граѓани, порача меѓу другото Меџити.

ПредходнаПроменливо облачно со повремен дожд, температура до 17 степени
СледнаВучиќ наговести дека Србија би можела да воведе санкции против Русија