Една од темите што длабоко го засега секој од нас е квалитетот на нашиот живот. Тоа е поврзано не само со тоа колку е висока нашата плата, туку и со тоа што можеме да си дозволиме со неа. Приходите, трошоците, безбедноста, здравствената заштита, загадувањето и други се клучните фактори што ги оценува Индексот за квалитет на живот Numbeo, кој уште една година ги рангира земјите со најдобар квалитет на живот во светот.

Најголем пад во овој период е забележан во Канада, која падна од 9-то место пред 10 години на 27-мо место сега.

Берлин, Германија
Еве како изгледаат првите 10 за 2025 година:
10. Германија
9. Австрија
8. Исланд
7. Норвешка
6. Финска
5. Швајцарија
4. Оман
3. Данска
2. Холандија
1. Луксембург
Некои можеби ќе бидат изненадени што Швајцарија не е на прво место, но не станува збор само за платите, туку и за други фактори кои се неопходни за квалитетот на животот. Оман е исто така интересен предлог во првите 5 и единствениот од арапскиот свет во првите 20.




