дома Свет Експлозија во џамија во училишен комплекс во Индонезија, неколку повредени

Експлозија во џамија во училишен комплекс во Индонезија, неколку повредени

Неколку лица се повредени во експлозија што се случи денес во индонезискиот главен град Џакарта.


Експлозијата се случила во џамија во училишен комплекс, јавува Ројтерс, повикувајќи се на локалните медиуми.
Причината за експлозијата сè уште е непозната, како и точниот број на повредени лица.
Индонезиските медиуми објавија дека некои повредени лица во експлозијата се однесени во болница.
Специјална полициска единица е исто така на местото на настанот.
Снимките од телевизиските станици Компас и Метро покажаа снимки од полициски кордон околу училиштето и амбулантни возила во готовност.
Според прелиминарните извештаи, џамијата не претрпела поголеми штети.

ПредходнаМаж убиен, друг тешко повреден во ресторан во Виена. Напаѓачите се во бегство
СледнаСеверна Митровица по изборите: Животот помеѓу чеканот и наковалната