- Чистењето на Скопје и кој е крив за несобирањето на ѓубрето во изминатиот период денеска е во фокусот на партиските препукувања. Премиерот Христијан Мицкоски ја обвини опозицијата дека нечистењето на отпадот во изминатиот период било политичка стратегија на опозицијата реализирана преку поранешната градоначалничка на Град Скопје, а од СДСМ обвинија дека Градот не се чистел за новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски да направи сопствен ПР.
– За жал, се доведовме до една ваква ситуација и оваа беше политичка стратегија на опозицијата, преку неработењето на претходната градоначалничка нанесе штета, пред се на Владата и на државата. И морам да признам дека во одредена мера успеа со сето тоа. Но, ние таа лекција ја научивме и затоа уште во првиот ден ги засукавме ракавите и започнуваме од темелите или од под темелите. Така беше во владата кога дојдовме со долгови, така и во градот, изјави денеска Мицкоски.
Опозициската СДСМ, пак, велат дека ВМРО-ДПМНЕ не го собирала сметот во изминатиот период и не е преземено ништо ниту од страна на ЗЕЛС само за да му се овозможи на Ѓорѓиевски да прави ПР тркови.
– Наместо да организира чистење на градот, ДПМНЕ намерно го блокираше собирањето смет и не направи ништо, ниту преку ЗЕЛС, ниту преку Управниот одбор на Комунална хигиена, бувално ги остави скопјани да се дават во сметот.
Синоќа скопјани видоа зошто било оставено ѓубрето, зошто ништо не се преземало со месеци, само за Орце Ѓорѓиевски да прави ПР трикови, циркус спектакли со дронови и камери. Ова е срамен однос и потценување на сопствените граѓани, велат од СДСМ.




