Пет лица се уапсени во вчерашната акција на Обвинителството и полицијата за сомнежи за кривични дела поврзани со поткуп.
Министерството за внатрешни работи денеска излезе со детали за вчерашната акција и ги обелодени иницијалите на приведените.
Првоосомничениот Џ.Н.(77) се товари за кривично дело „давање поткуп“ и „давање награда за противзаконито влијание“, додека три лица со иницијали А.Ф. (44), Ј.К (35) и И.С. (57) како посредници за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание. Петтиот проведен Ф.Ф. (47) сториле кривично дело „примање поткуп“.
– Првоосомничениот – управител на правно лице, од крајот на февруари годинава до вчера, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, во пвеќе наврати директно и преку посредници му ветил подарок – парични средства од значителна вредност на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјделството. Останатите тројца осомничени од кои еден даночен референт во УЈП РД Скопје и еден државен службеник вработен во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, искористувајќи го своето реално влијание и службената положба побарале и го поттикнале директорот на Агенцијата да изврши служебно дејсвие што не смеел да го изврши, информира Обвинителството.
Иако фирмата на првоосомничениот не ги исполнила условите од јавниот повик за користење на средства од ИПАРД програмата, сепак вчера директорот на Агенцијата за ветен подарок од 50 илјади евра го потпишал договорот и примил пари во износ д 400 евра кои се најдени при вчерашниот претрес.
При извршени претреси и на други локации пронајдени се пари во значителна вредност.




