Во октомври инфлацијата бележи месечно намалување од 0,2 проценти, а на годишно ниво зголемување од 4,5 проценти.
Во однос на октомври лани, зголемување за 7 проценти има кај храната и безалкохолните пијалоци, за 6,7 проценти кај алкохолните пијалоци и тутунот и за 2,8 проценти кај облеката и обувките.
Зголемување се бележи и на месечно ниво кај овие групи.
Месечното намалување на инфлацијата се должи на намалувањето на трошоците на живот во делот на транспортот, мебелот, одржувањето на домаќинствата и образованието.




