Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
„Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу“, се вели во соопштението испратено до АФП.




