Дваесет и петгодишна жена од светиниколско пријавила во полиција дека била физички малтретирана од нејзиниот сопруг.
Случајот го пријавила вчера во СВР Штип, а според нејзиниот исказ, нападот се случил вчера околу 19:15 часот во семејниот дом во светиниколско.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.




