дома Македонија Жена грабната и силувана во бесознание, приведени две лица од дебарско

Жена грабната и силувана во бесознание, приведени две лица од дебарско

Две лица од дебарско се осомничени дека на 6 ноември околу 19 часот грабнале 30-годишна жена која потоа едниот од нив физички ја нападнал и ја силувал откако таа паднала во бесознание.
Кривичната пријава е поднесена против А.Л. (26) од дебарското село Џепиште кој се сомничи за „грабнување“ и „полов напад и силување“ и против 18-годишениот Е.В. од дебарското село Отишани кој се сомничи за „грабнување“.
Полицијата информира дека жената била грабната од нејзиниот двор со возило „ауди“ кое го управувал Е.В. и однесена во напуштен објект во Струга.
Откако А.Л. ја силувал, го повикал Е.В. и со возилото ја однеле во Општата болница во Струга.
Двајцата сторители се пронајдени и против нив ќе следува кривична пријава.

ПредходнаНиколовски: Во ризик европската поддршка за ИПАРД-3 програмата, вредна 128 милиони евра
СледнаОстатоци од човечко тело пронајдени во кавадаречко Сопот, предадени за обдукција и ДНК анализа