
Бранко Црвенковски екс лидерот на СДСМ и претседател и премиер нa Македонија повторно ја разбранува политичката јавност со нова кафанска седенка и екипа.
Тој е фотнат во гостилницата Дукат во Скопје , во друштво на висок државен функционер, министер од ЗНАМ, на кои изгледа во во Владата на Христијан Мицкоски некако им се нишкаат позициите.
На фотографијата од лево кон десно прв е Горан Минчев, министер за администрација од редовите на ЗНАМ кој своевремено беше Генерален секретар на СДСМ во времето кога Црвенковски ја водеше СДСМ, со Црвенковски се и во кумовски врски и најбитно тој е негов верен соборец.
Потоа на фотографијата е Црвенковски, а веднаш до него неговиот кум и личен шофер, кој сеуште работи со него во претседателската канцеларија.
Најдесно на фотографијатата е Зоран Попов, амбасадор на Македонија во Вашингтон поставен на позицијата од Стево Пендаровски.
Бранко Црвенковски веќе неколку години го има замрзнато своето членство во матичната партија СДСМ, а подолг период „не е политички активен“
Сепак изминативе неколку недели околу локалните избори е се поприсутен низ целата држава што дополнително отвора сомнежи за негово можно враќање на политичката сцена.
Пред првиот круг, Црвенковски беше фотографиран во Охрид со тогашниот кандидат и актуелен градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков.
Пред вториот круг беше објавена фотографија од членови и активисти на СДСМ дека лично Црвенковски во Кичево имаат одработено за да се порази Фатмир Дехари и да победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.
Во оваа трета фотографија од Црвенковски во три недели тој е фотографиран со министер во Владата на Мицкоски.
Политичките кујни коментираат дека дефинитивно се плете гајтанот околу двоецот Заев-Венко и дека ќе следува смена на раководството и лидерството во СДСМ. Веќе се во оптек некои проверени кадри на БЦ.




