дома Македонија СДСМ објави нови информации за случајот со ИПАРД

СДСМ објави нови информации за случајот со ИПАРД

Опозициската СДСМ денеска објави нови информации во врска со случајот во Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој и користењето на средствата од ИПАРД програмата.

Како што објави СДСМ, меѓу приведените е и поранешна советничка на актуелниот министер за земјоделство Јасмина Костадинова.

– Таа е поранешна посебна советничка на Цветан Трипуновски, назначена токму во моментот кога тој ја презема функцијата дополнителен заменик-министер за земјоделство. Денес, соработничката на Трипуновски е вработена во Министерството за земјоделство за финансиски прашања во Управата за водостопанство. Од тоа произлегува јасно прашање: Како може министерот Трипуновски да тврди дека нема никаква врска со случајот, кога во скандалот е инволвирана негова блиска и доверлива соработничка?, вели Александар Димитриевски од Комисијата за земјоделство на СДСМ.

Од СДСМ повторно побараа оставка од министерот Трипуновски, кој вчера изјави дека не гледа никаква поврзаност со Агенцијата за поддршка на земјоделството за која рече дека е посебно тело со посебен менаџмент.

– Прашањето е што знаел министерот Трипуновски за корупциските зделки?
Дали тоа значи дека бил информиран за сè или делувала по негови насоки?, прашува Димитриевски.

ПредходнаЃорѓиевски: Казнети правни субјекти за несоодветно одложување отпад
СледнаТурски државјанин пијан удрил во контејнери и возило и избегал