дома Македонија Црна хроника Турски државјанин пијан удрил во контејнери и возило и избегал

Турски државјанин пијан удрил во контејнери и возило и избегал

Возачот кој синоќа удри во контејнери и потоа во друго возило, имал 0,97 промили алкохол во крвта. Тој е приведен и против него е покрената прекршочна пријава по три основи – за недозволена брзина, возење под дејство на алкохол и напуштање на лице место.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се работи за 22-годишен турски државјанин со привремен престој во Скопје.

– На 08.11.2025 во 22:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на сервисна улица од ул.„Матеја Матевски“ во Скопје патничко возило „бмв 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.А.(22) од Р.Турција, а со привремен престој во Скопје, удрило во контејнери и патничко возило „алфа ромео“ со демиркаписки регистарски ознаки. М.А.А. го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки од полициски службеници, тој набрзо бил фатен, информираше МВР.

ПредходнаСДСМ објави нови информации за случајот со ИПАРД
СледнаВо сообраќајката кај Ново Село излизган камион, нема повредени