дома Македонија Општество Видео: Tаткото на Надица која загина во „Пулс“ со потресна објава

Видео: Tаткото на Надица која загина во „Пулс“ со потресна објава

Воедно тој не потсети сите нас на родителската болка, на загубата и на тоа дека 63 ката не е бројка туку луѓе, деца кои загинаа заради нечија неоодговорност и корупција, а за што сеуште нема одговорност

Таткото на трагично загинатата Надица, Александар Наунов, објави видео кое, како што вели, го памети како најтешкиот момент во својот живот – последното заминување на неговата ќерка од домот.

Надица беше една од 63-те жртви во кобниот пожар што ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Видеото, споделено на социјалните мрежи, е емотивен потсетник на денот кој, според Наунов, засекогаш му го променил животот.

Последното затворање на вратата

Тоа беше обично затворање на врата…

Но за мене – тоа беше последниот здив на мојот свет.

Моето дете, мојата Надица, ја затвори вратата со насмевка,

И додека светот заборава, јас ќе живеам за да те паметам“, напиша Наунов.

Воедно тој не потсети сите нас на родителската болка, на загубата и на тоа дека 63 ката не е бројка туку луѓе, деца кои загинаа заради нечија неоодговорност и корупција , а за што сеуште нема одговорност !

ПредходнаПендаровски: Македонија заостанува на патот кон ЕУ поради недостиг на политичка волја
СледнаОбилните дождови продолжуваат, можни се и поплави