дома Македонија Црна хроника Викендов во Скопје приведени 10 лица кои поседувале дрога, најмладиот има 14...

Викендов во Скопје приведени 10 лица кои поседувале дрога, најмладиот има 14 години

За само два дена, во Скопје приведени  се 10 лица кои поседувале дрога. Загрижувачки е што  најмладиот има само 14 години.

На 08/09.11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.Ф.(19), Н.А.(40), С.К.(27), М.Д.(31), В.Т.(22), Х.Б.М.(28), С.С.(28), А.Т.(39), Ф.А.(38) и 14-годишен малолетник сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци, се вели во дневниот билтен на МВР.

ПредходнаТри Французинки подготвувале џихадистички заговор во Франција
СледнаЦентралната изборна комисија на Косово ги објави прелиминарните резултати од вториот круг од локалните избори, Српска листа го доби Клокот