Provereno

nie znaeme…

Русија ги забрани активностите на ЛГБТ и ги прогласи за „екстремистички“






Врховниот суд во Русија ја категоризираше ЛГБТ заедницата како „екстремистичка“, дополнително ограничувајќи ги нејзините права, постапувајќи по жалба на руското министерство за правда.

Руска новинска агенција објави дека судот одлучил да го „прогласи меѓународното ЛГБТ движење за екстремистичка организација и да ги забрани неговите активности во Русија“.
Овој потег беше жестоко критикуван од активистите за човекови права. Високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Турк, ја осуди одлуката на рускиот Врховен суд со која ЛГБТ активистите се категоризираат како екстремисти и ја повика Москва да ги укине законите кои ја дискриминираат ЛГБТ заедницата, јавуваат британските медиуми.

Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Тема: ПЕНЗИОНЕРИ | Гостинка: Живка Матевска

Извор








Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *