дома Технологија Британија го казни Тикток со 12.7 милиони фунти затоа што нелегално користел...

Британија го казни Тикток со 12.7 милиони фунти затоа што нелегално користел податоци од деца

80

Британски регулатор денеска ја казни кинеската социјална мрежа Тикток со 12,7 милиони фунти поради „незаконско“ користење на лични податоци на децата, соопшти Канцеларијата на Комесарот за информации (ИЦО).

ИЦО верува дека Тикток им дозволил на 1,4 милиони деца на возраст под 13 години во Британија да отвораат профили на нејзината платформа во 2020 година, спротивно на официјалните правила, и ги користеле нивните податоци без согласност на нивните родители.

Истрагата на ИЦО утврдила дека Тикток не извршил „соодветни проверки за да ги идентификува и затвори профилите на деца“ кои се премногу мали за да ја користат неговата платформа.

„Во Велика Британија постојат закони кои ја гаратнтираат безбедноста на нашите деца во дигиталниот свет и Тикток не ги почитуваше“, се вели во соопштението на комесарот за информации на Велика Британија, Џон Едвардс.

Белата куќа, Европската комисија, канадската, британската и австралиската влада неодамна им забранија на нивните службеници да користат Тикток на официјални телефони. Норвешкиот парламент и шведската војска истото го направија минатата недела. САД го обвинуваат Тикток, подружница на кинеската компанија ByteDance, дека е алатка на Пекинг за шпионирање и манипулирање со Американците.

МИА

– Реклама –

ПредходнаЛуксембуршкиот филм „Неверојатната приказна на Фрици“ прикажан во рамки на Неделата на франкофонски филм во Кинотека
СледнаСекое шесто лице на планетата погодено од неплодност