На 21 овој месец стапуваат на сила санкциите против руските компании Лукоил и Роснефт што ги најави американскиот претседател, а судбината на 550-те вработени во „Лукоил Македонија“ останува неизвесна.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски имал средба со претставникот на Лукоил Македонија. Тој, вели Бислимоски, ќе ги презеде сите мерки за луѓето да не останат без работа.
– Лукоил може и понатаму да работи и да обезбедува нафтени деривати. Досега, најголем дел обезбедувал од Бугарија, но може да обезбедува и од други држави така што во тој дел треба да му дадеме шанса и понатаму да работи, не мора да се снабдува со деривати обезбедени од руски рафинерии, изјави денеска Бислимоски.
дома Македонија Економија Се бара решение за вработените во Лукоил Македонија, следната недела почнуваат санкциите




