дома Технологија Кинеската Влада најави дека решително ќе се спротивстави на евентуална принудна продажба...

Кинеската Влада најави дека решително ќе се спротивстави на евентуална принудна продажба на ТикТок

73

Кинеската Влада денеска соопшти дека ќе се спротивстави на можните планови на САД да го принудат кинескиот сопственик на ТикТок да ја продаде апликацијата поради наводни безбедносни ризици и предупреди дека таквиот потег ќе ја поткопа довербата во американските инвеститори.

Ако веста е вистинита, Кина решително ќе се спротивстави на тоа, изјави портпаролката на кинеското Министерство за трговија Шу Јуетинг. – Присилната продажба на ТикТок сериозно ќе им наштети на инвеститорите од неколку земји, вклучително и Кина, рече Шу.

Извршниот директор на ТикТок, Шу Зи Чу денеска треба да се појави пред комисијата на американскиот конгрес за да аргументира зошто популарната кинеска апликација за споделување видеа не треба да биде забранета.

Се очекува Шу да му каже на Комитетот за енергија и трговија при Претставничкиот дом на САД дека ТикТок дава приоритет на безбедноста на своите млади корисници, како и дека ги отфрла наводите дека апликацијата претставува ризик за националната безбедност, според неговите забелешки објавени пред обраќањето.

Американските конгресмени повикаа на забрана на ТикТок поради загриженоста за националната безбедност, велејќи дека апликацијата може да се користи за шпионирање на американските корисници.

Голем број влади во светот изразија загриженост дека сопственикот на ТикТок, кинеската компанија Byte Dance, би можел да ја предаде историјата на прегледи или други кориснички податоци на кинеската влада или да промовира нејзина пропаганда и можни дезинформации.

Волстрит џурнал објави дека американските власти размислуваат да го забранат ТикТок, освен ако Byte Dance не ја продаде апликацијата.

Голем број држави во светот одлучија да ја забранат употребата на апликацијата ТикТок поради безбедносни причини. Сепак, некои земји целосно го забранија, а некои привремено го забранија на службените телефони на јавните службеници. Земји кои воведоа делумна забрана, што значи дека апликацијата нема да биде дозволена на службените телефони на јавните службеници, се: САД, Канада, Нов Зеланд, Тајван, Финска, Шведска, Франција, Австрија, Шпанија, Португалија, Холандија, Белгија, Литванија, Летонија, Естонија, Германија, Велика Британија, Чешка, Полска, Романија, Бугарија, Словенија, Италија, Словачка, Хрватска, Унгарија, Данска и Грција. Во овие земји ТикТо е забранет на владините уреди, но истото не важи и за приватните телефони.

Земји кои воведоа целосна забрана за ТикТок се Индија, Авганистан и Индонезија. Во меѓувреме, Пакистан и Бангладеш воведоа привремена забрана.

Приватните компании и мрежи исто така почнуваат да донесуваат вакви одлуки. Некои американски колеџи исто така го забрануваат ТикТок на нивните локални мрежи. Би-Би-Си, британски медиум, исто така го советуваше персоналот да ја избрише оваа апликација, а данската јавна телевизија, исто така, донесе слична одлука.

МИА

– Реклама –

ПредходнаПентагон објави документи за можно присуство на вонземјани
СледнаВтората сезона од хит серијата Јужен ветар од 27 март и на Суперстар каналот