дома Технологија Роверот „Истрајност“ откри „ризница“ од органска материја на Марс

Роверот „Истрајност“ откри „ризница“ од органска материја на Марс

77
Марс Истрајност
Отпечатоци од тркалата на роверот „Истрајност“ снимени со една од прикачените камери | фото: NASA/JPL-Caltech

Роверот „Истрајност“ што во моментов се наоѓа на Марс пронајде примероци што содржат органска материја.

Си-ен-ен јавува дека некои од собраните примероци укажуваат на тоа дека во кратерот „Језеро“ каде некогаш постоело езеро, имало потенцијални услови за живот пред. Според примероците, околината била погодна за населување пред 3,5 милијарди години.

„Камењата што ги истражувавме имаат највисока концентрација на органска материја што досега сме ја откриле за време на мисијата“, изјавил Кен Ферли, научник што работи на проектот.

Мисијата на роверот што пред 18 месеци слета на Црвената планета вклучува и истражувања преку кои се бараат знаци за антички микробиолошки живот.

Во моментов, како што информираат од НАСА, роверот има собрано 12 примероци на камења што треба да се истражуваат, а колекцијата треба да се донесе на Земјата за испитување во 2023 година.

Мета

ПредходнаОткако филмот ја освои публиката, в сабота премиера на мини-серијата „Златно момче“ во Македонија и регионот
СледнаВселенско летало на НАСА ќе удри во астероид со цел да ја заштити Земјата