Бразилската федерална полиција разби криминална шема за продажба на видеа од насилство врз деца и животни по извештај од бугарската организација SAY, во која беа објавени злосторствата на Габриела Сашова и Красимир Георгиев од Перник, пренесува БНР.
Маж и жена беа приведени. Апсењата и претресите беа извршени во градот Белем како дел од операцијата „Злосторство“ .
Петја Алтимирска, претседателката на здружението KAJI, кое прво почна да ги истражува видеата, раскажува како на крајот ја известиле Федералната полиција во Бразил.
Десетици мачки, зајаци и други животни биле мачени за порнографски видеа.
Уапсените маж и жена ќе бидат под истрага за еколошки злосторства, злосторничко здружување и сурова експлоатација на животни за комерцијални цели. По претресите, истрагата ќе вклучи и материјали што вклучуваат сексуална експлоатација на деца.




