дома Локално Вонредна контрола во Карпош: Водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ е безбедна...

Вонредна контрола во Карпош: Водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ е безбедна за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје на ден 26.11.2025 година изврши вонреден мониторинг врз основа на пријава од ООУ Димо Хаџи Димов, општина Карпош.

Секторот за санитарна контрола зема 4 примероци од две локации (училница и кујна) од кои две за физичко-хемиска анализа и две за микробиолошка анализа.

Од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки ОДГОВАРААТ на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ бр.183/18), при што констатираме дека водата  во ООУ Димо Хаџи Димов во општина Карпош е санитарно исправна и истата може непречено да се употребува.

ПредходнаМВР: Приведени 13 пијани возачи и двајца за брзо возење
СледнаСреќна нова со 5% поскапа струја од 1 јануари