Кристијано Роналдо е меѓу ретките фудбалери за кои може да се каже дека се успешни и на теренот и надвор од него.

Португалецот одамна се откажа од потпирањето само на својата плата и успешно инвестираше во разни деловни потфати. Наскоро дознавме дека некои од неговите инвестиции се во спортски автомобили, кои се уникатни и со текот на времето треба само да ја зголемуваат својата вредност.
Но, сега разбираме дека Кристијано Роналдо има нова бизнис идеја. Тој сака да отвори приватен клуб во Мадрид. Тврдењата се дека пристапот до овој клуб ќе биде ексклузивен и не за секого.
Се очекува фотографирањето и употребата на телефони да бидат забранети. Исто така, членството во клубот на Роналдо нема да биде евтино. Се тврди дека станува збор за околу 15.000 евра, што ќе овозможи пристап до три ресторани и вински бар на територијата на клубот, пишува Onefootball.
Моментално не е јасно кога се очекува приватниот клуб на Кристијано Роналдо да ги отвори своите врати. Сепак, следната година се чини дека ќе биде исклучително важна и незаборавна за Португалецот.




