Пејачката Џејла Рамовиќ се огласи откако синоќа заедно со членовите на бендот беше приведена за време на нејзиниот настап во Кичево.

– Сакам да нагласам дека од моја страна и од страна на мојот бенд беа уредно подготвени сите потребни документи и дозволи за настап во Кичево и доставени до организаторот, во потполна процедура која редовно ја практикуваме при секое доаѓање во Северна Македонија.
Организаторот не увери дека ги собрал сите останати дозволи за одржување на настапот во склад со договорот што го имаме. Покрај тоа, настапот беше прекинат неколку минути при крај, наводно поради недостиг на работна дозвола, иако нашата документација беше потполно уредна, вели Рамовиќ за српските медиуми.
Жал ми е, вели Рамовиќ, за непријатностите што ги доживеаја сите што беа на настапот. Ситуацијата настана од причина на која никако не можев да делувам, ниту пак вината е на моја страна и на страната на мојот тим.
– Македонија е земја која многу ја сакам и секогаш радо се враќам. Така ќе биде и сега, бидејќи веќе во петок ќе се дружиме во Скопје, вели Рамовиќ.
Слична ситуација имаше и српскиот пејач Аца Лукас на настап во Кавадарци.




