дома Свет Балкан Поранешна претседателка на Врховниот суд на Црна Гора осудена на една година...

Поранешна претседателка на Врховниот суд на Црна Гора осудена на една година и девет месеци затвор

 Поранешната претседателка на Врховниот суд на Црна Гора Весна Меденица денеска е осудена на една година и девет месеци затвор, а судијката на Трговскиот суд Милица Влаховиќ Милосављевиќ на шест месеци затвор. 

Во обвинението се наведува дека Влаховиќ Милосављевиќ сторил кривично дело злоупотреба на службена должност, а Меденица – злоупотреба на службена должност со поттикнување, пишува Вијести.

Во обвинението се наведува и дека Меденица, како претседателка на Врховниот суд, влијаела врз судијата на Трговскиот суд да донесе одлука во случајот во корист на нејзиниот кум Раде Арсиќ, на штета на московската корпорација „Тен“.

 

ПредходнаРусите објавуваат снимки од Покровское, нивните војници мирно шетаат низ центарот на градот
СледнаПесков: Русија и Индија ќе склучат големи деловни договори за време на посетата на Путин