дома Македонија Политика Уставната судијка Јадранка Дабовиќ Анастасовска поднесе оставка

Уставната судијка Јадранка Дабовиќ Анастасовска поднесе оставка

Уставната судијка Јадранка Дабовиќ Анастасовска поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија, на која беше избрана на седницата на 12 декември 2023 година.

Дабовиќ во оставката до Собранието наведува дека таа е резултат на промени кои се случиле во втората половина од годината и се од личен и семеен карактер. Таа истакнува дека функцијата судија на Уставниот суд за неа претставувала голема чест и одговорност, а во изминатиот период се трудела да ја извршува со максимална посветеност и професионалност.

Појаснува дека од 1 јануари 2026 ќе го активира работниот однос со Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кој беше ставен во мирување поради изборот на функцијата судија.

ПредходнаНИС: Започнува затворањето на фабриката во Рафинеријата за нафта Панчево
СледнаИзборот на новите министри откако ќе заврши дебатата за Предлог – буџетот 2026