дома Свет Ученици во Нови Пазар приведени поради лажни пријави за бомби, родители со...

Ученици во Нови Пазар приведени поради лажни пријави за бомби, родители со прекршочни пријави






Полициски службеници во Нови Пазар идентификувале и затекнале двајца основци на возраст од 12 и 13 години кои, како што се сомнева, претходно испратиле мејлови дека се поставени бомби во основните и средните училишта на подрачјето на Нови Пазар, како и во една продавница, јави дописникот на МИА од Белград.

Полицијата извршила разговор со децата во присуство на нивните родители и го известила Вишото јавно обвинителство во Нови Пазар и Центарот за социјална работа во овој град.

По налог на Вишото јавно обвинителство Нови Пазар, поднесена е прекршочна пријава против родителите на момчето поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело неправилен надзор над детето.

По дојавите за поставени бомби, сите ученици, вработени и граѓани беа евакуирани, додека полициски службеници извршија увид во објектите и утврдија дека секоја пријава е лажна.

– Реклама –








ПредходнаФранција го озакони правото на кравите да мукаат
СледнаИран испрати капсула со животни во вселената, се подготвува за астронаути