дома Македонија Црна хроника Санкционирани 253 возачи во Скопје

Санкционирани 253 возачи во Скопје


Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (06.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 253 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено свлетло, 29 мерки за некористење на сигурносен појас…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.



ПредходнаЧествување на македонскиот јазик во Романија
СледнаАнгеловска-Бежоска: Банкарскиот сектор и натаму е отпорен и обезбедува солидна поддршка за компаниите и домаќинствата