дома Uncategorized Последниот филм на Скорезе со Ди Каприо и Де Ниро прогласен за...

Последниот филм на Скорезе со Ди Каприо и Де Ниро прогласен за филм на годината


Последниот филм на Мартин Скорцесе „The Killers of the Flower Moon“ (Убијци на цветната месечина) со Леонардо ди Каприо и Роберт Де Ниро, за истребувањето на индијанското племе Осиџ во Оклахома е прогласен за најдобар филм во 2023 од страна на американските филмски критичари.

Ова е втора голема награда за Скорцесе чиј филм беше прогласен за најдобар во 2023 од страна на филмската критика на Њујорк.

„’Убијци на цветната месечина’ е одушевувачко ремекдело на еден од најголемите режисери Мартин Скорцесе. Горди сме да ја доделиме оваа награда на комплексниот и длабок филмски еп на Скорцесе“, изјави претседателката на AFK, Ани Шулхоф.

Филмот освои награди и за најдобра режија и за кинематографија.

Три награди освои и „Холдоверс“ за најдобра машка улога Пол Џиамати, за споредна женска улога и за сценарио. Победникот на венецискиот фестивал „Кутри нешта“ на Јоргос Лантимос освои две награди за споредна машка улога Марк Рафало и за адаптирано сценарио.

Гала свеченоста на која ќе бидат доделени наградите ќе се одржи на 11 јануари во Њујорк.



ПредходнаВечерва се одржува главната вечер на ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ
СледнаПочна амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2024 година