Времето денеска (петок) е променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура во гостиварскиот регион се спушти до -4 степени, додека максималната дневна достигнува 4 степени.
Утре (сабота) наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб променлив ветер. Попладне облачноста ќе се зголемува. Во недела во попладневните часови повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Утринските температури ќе бидат неколку степени под нулата, додека дневните до 7 степени.
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Тема: ПЕНЗИОНЕРИ | Гостинка: Живка Матевска