дома Популарно Млад тетовец донираше три кревети за семејството Николовски во кратовско Секулица

Млад тетовец донираше три кревети за семејството Николовски во кратовско Секулица






Далибор Ѓорѓевски со другарите од маалото Два бреста во Тетово реализирале хуманитарна акција која резултираше со набавка и носење на три нови кревети со душеци како донација за семејството Николовски од кратовско Секулица. За супстандардни услови и немањето храна јавноста дозна по сторијата објавена во емисијата „Срце на дланка“, па младите тетовци се мотивираа да помогнат.

-Семејството со три деца Марио, Кети и Лука, освен што тешко се прехрануваат, живеат во супстандардни услови. Откако јавноста разбра за нивната состојба им помогна да реновираат две соби. Ние контактиравме со нив и така одлучивме да помогнеме со три нови кревети сосе душеци кои денес ги доставивме до нив, информираше Далибор Ѓорѓевски.

Младиот Далибор и на 17 ноември заедно со другарите патуваше 150 километри од Тетово до Секулица за да им однесе храна, облека и обувки. Денес освен креветите повторно им однеле облека и обувки.

Приказната за трите деца стана позната по сторијата во која Кети зборуваше дека никогаш во животот не пробала смоки и кифла од продавница, како и дека другарчињата секој ден и се потсмеваат.

– Реклама –








ПредходнаСончевата кула генерира енергија дење и ноќе
СледнаШто не треба да подгревате во микробранова печка