дома Популарно Останува на Украинците да препознаат колку длабоко се во дупката што Америка...

Останува на Украинците да препознаат колку длабоко се во дупката што Америка им ја ископа






Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека заради мирот во Украина, неопходно е да се промени претседателскиот декрет издаден од Володимир Зеленски минатата година.

-Ќе треба да го поканите господинот Зеленски, бидејќи пред година и пол потпиша декрет со кој се забрануваат преговори со Владимир Путин, рече Лавров на прашањето за дипломатскиот пристап кон прекинот на огнот.

Министерот за надворешни работи на Русија додаде дека верува оти Западот се обидува да ја истроши Русија во Украина, пренесуваат британските медиуми.

-Останува на Украинците да препознаат колку длабоко се во дупката што Америка ја ископа, нагласи Лавров.

Кога го потпиша указот минатата година, Зеленски истакна дека Украина е подготвена за разговори со Москва, но под услов Русија да биде предводена од друг претседател.

– Реклама –








ПредходнаНеучеството на ВМРО-ДПМНЕ во техничката Влада e уште едно алиби за двојниот изборен пораз што ги чека
СледнаНетанјаху го критикуваше рускиот став за Газа во разговорот со Путин