дома Македонија Црна хроника Екстрадициски притвор за Љупчо Палевски во Турција

Екстрадициски притвор за Љупчо Палевски во Турција


Екстрадициски притвор е одреден за Љупчо Палевски, во траење од 40 дена.

Амбасадата на Република Македонија во Анкара испрати допис до Министерството за правда во кој информира дека ни доставува добиена Нота од МНР на Република Турција, како одговор на Нотата доставена од Амбасадата на РМ во Анкара од 06.12.2023 година, со која информираат дека врз основа на дописот добиен од Канцеларијата на главниот јавен обвинител Баликесир, определен е екстрадициски притвор за Љупчо Палевски, во траење од 40 дена, информираат од Министерството за правда.

Палевски е приведен во Турција по распишана потерница. Тој е првоосомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.



ПредходнаНовиот аргентински претседател Милеи го преполови бројот на министри
СледнаДали црното чоколадо навистина е поздраво од млечното!?