Русија одлучи да ги раскине договорите за воена соработка со три западни земји – Франција, Канада и Португалија.

Одлуката означува крај на децениските договори во областа на одбраната, пренесува РИА Новости.
„Раскинатиот договор меѓу владата на Сојузот на Советските Социјалистички Републики и владата на Канада за посети по воената линија, (…) договорот меѓу владата на Руската Федерација и владата на Република Франција за соработка во областа на одбраната (…) и договорот меѓу владата на Руската Федерација и владата на Република Португалија за соработка во воената област“, се вели во наредбата издадена од рускиот премиер Михаил Мишустин.
Документите беа потпишани во Москва во 1989, 1994 и 2000 година.
Според наредбата, руското Министерство за надворешни работи ќе ги информира канадската, француската и португалската страна за одлуката.




